МЗШВ: Интензивно се гради хидросистемот Конско

Од:

Интензивно се работи на изградбата на хидросистемот Конско кај Гевгелија, кој ќе обезбеди дополнителни количини вода за наводување на обработливите површини во овој регион, соопшти Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство.

По денешмниот увид во активностите на терен од страна на ресорниот министер Љупчо Николовски, МЗШВ информира дека во оваа фаза од градежните работи веќе се во функција градилишната населба, амбуланта и теренска лабораторија. Комплетирана е дробилицата за камен, кој ќе служи за производство на четири потребни фракции. Интензивно, посочуваат, се работи на изградбата на контролна галерија и преливниот објект. Во делот на контролната галерија, извршено е бетонирање на долниот дел на почетната кампада, е бетонирање на долен дел и поставени цевки за инектирање на цела десна страна, а започнато е бетонирање на почетните кампади на лева страна. Во напредна фаза се и градежните работи за преливниот објект, односно завршена е изведба на широкиот ископ, бетониран е долниот дел на собирниот канал и започната е изработка на брзотокот.

МЗШВ потсетува дека моментно во гевгелискиот регион има вода за наводнување на само 1.500 хектари. Со изградбата на три подсистеми на оваа брана, како што најавува, ќе се наводнуваат околу 8.000 хектари плодно обработливо земјиште.

Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години. Висината на оваа инвестиција изнесува 40 милиони евра, обезбедени од буџетот на МЗШВ.

– Освен за наводнување, водите од акумулацијата Конско и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија, а ова езеро ќе поттикне нова туристичка понуда на Гевгелија и услови за развој на риболовниот спорт и рекреација, наведува МЗШВ.

Браната Конско се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув и ќе се протега на околу 8,5 километри низводно, оддалечена 20-тина километри од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата