САД го блокираа создавањето арбитражен суд за царините за челик и алуминиум

Од:

САД го блокираа создавање на арбитражен суд под покровителство на Светската трговска организација (СТО), пред кој би се разгледал спорот со Русија во врска со воведувањето увозни царини за челик и алуминиум.

Русија има намера во ноември повторно да побара арбитража за царините вововедени од Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а слични барања имаат и Норвешка, ЕУ и уште неколку други земји.

Норвешкиот министер за надворешни работи Ине Ериксен,изјави дека мерките на САД „се против правилата на СТО“.

– Во ноември групата ќе биде создадена автоматски и САД нема да имаат право да го блокираат тоа решение, соопшти извор од руското Министерство за економски развој.

Во март годинава САД воведоа царини во висона од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум. Царинскиот режим се однесува на сите земји освен Австралија и Аргентина, додека царините за увозот од Бразил и Јужна Кореја е одложен.

ЕУ, Русија, Кина и Канада објавија дека воведуваат реципроцитетни мерки. Покрај Русија, американските царини се оспорени и од Кина, Индија, ЕУ, Канада, Мексико, Норвешка, Швајцарија и Турција.

Арбитрежните спорови во СТО понекогаш траат и по неколку години.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија