Пилотот на ЛЦР Хонда, Кал Крачлоу ќе го пропушти остатокот од викендот во МотоГП за ГН на Австралија поради скршен глужд.
Британецот денеска доживеа голема несреќа во вториот слободен тренинг на патеката „Филип Ајленд“.
Крачлоу покажа одлична брзина, но неговиот инцидент дванаесет минути пред крајот на тренингот, на кривината број еден, прекина уште една добра обиколка.
Пилотот веднаш беше однесен во медицинскиот центар на патеката, каде што му беше поставена дијагнозата. Потоа тој бил пренесен во болница во Мелбурн, каде што се очекува да се оперира во секој момент.