Каменос демантира дека на владината седница говорел за 50 милиони евра од Сорос

Од:

Преку неговиот официјален Твитер профил, министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци, вели дека се лажни објавите во медиумите, според кои на минатонеделната владина седница говорел за 50 милиони евра од Сорос за грчката Влада.

– Бидејќи сирачињата на Симитис, по потресеноста од притворот на Папандониу, и се предадоа на операцијата дефокусирање на болката, веќе 48 часа постојано објавуваат наводно споменување од моја страна на владината седница за 50 милиони евра од Сорос за Владата. Тоа се лаги. Доказ се стенограмите и присутните, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната