Во Делчево акција за собирање есенски отпад

Од:

Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на јавните површини што потпаѓаат под надлежност на претпријатието.

За таа цел, како што информираат од комуналното претпријатие„ Брегалница“, се чистат површините од гранки, грмушки, диви багреми кои го нагрдуваат просторот.

-Со есенската акција е опфатен пообемен јавен простор во градот како и просторот на градските гробишта. Оваа активност е во рамките на есенските активности на јавното претпријатие во рамките на кои претходно беше извршено расчистување на растителниот отпад по должината на сообраќајниците, односно улицата „Маршал Тито“ на потег од касарната до Таушанското маало, како и паркингот над делчевската гимназија, информираат од комуналното претпријатие.

Согласно своите надлежности Јавното претпријатие „Брегалница“ од Делчево има обврска да уредува 42.100 м2 јавни површини.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание