(ВИДЕО) Николовски: Силно сме посветени на развој на органското производство

Од:

„Политиките и мерките на Владата и ресорното министерство се во насока на зголемување на органското производство, како и подигање на јавната свест за значење на ова производството во севкупната исхрана на луѓето. За таа цел, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, нудиме мерки кои ќе го поттикнат развојот на органското производство. Субвенциите за примарното органско производство од 61 милиони денари оваа година ги зголемивме на 81 милиони денари оваа година. Поддршката во зависност од органската културата е до 100 отсто повисока од субвенциите наменети за конвенционалното производство, изјави Николовски“ рече Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој присуствуваше на завршниот настан организиран од Швајцарската амбасада, заедно со Амбасадорка на Швајцарија во Македонија, Сибил Зутер Техада.

МЗШВ неодамна го стави во функција Регистарот на органски производители. Тој има значајна улога за зголемување на довербата на потрошувачите во системот на органско производство соработката помеѓу сертифицираните органски производители, трговците и преработувачите на органски производи.

Паралелно, МЗШВ интензивно работи на промоција на македонските органски производи и мотивација кај младите земјоделци да се вклучат во овој сектор. Така, во новиот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци од Програмата за Рурален развој предност ќе имаат оние кои што ќе одлучат да се занимаваат со органско производство.

Во насока на зголемување на органското производство, наскоро ќе биде објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари, на кој предност ќе имаат повторно органските производители. Македонија е во напредна фаза на усогласување со европските регултави во делот на органското земјоделство, што беше нотирано и во последниот извештај на европската комсиија.

Преку проектот „Консолидација на локалните органски сертификациски тела“ -„КонсСерт“, Швајцарија го поддржа македонско тело за органска сертификација, Балкан Биосерт, да ја воведе и задржи акредитацијата за меѓународно бараните органски и други сертификациски услуги. Овој проект значително придонесе за развој на органското земјоделство и подобар пристап на органските извозници од Македонија до меѓународните пазари. Негова крајна цел е да ја намали сиромаштијата на малите и средни земјоделци во Источна Европа, преку промовирање на трговијата со сертифицирани органски производи и олеснување на пристапот на органските фармери кон европскиот и швајцарскиот пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата