Европскиот совет денеска одлучи ЕУ да продолжи да ги зајакнува своите можности за справување со хибридни, кибернетички, хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.
Европскиот совет го осудува непријателскиот електронски напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО).
– Таквите закани и напади ја зајакнуваат нашата заедничка решеност да продолжиме да ја јакнеме внатрешната безбедност на ЕУ, како и способноста и можностите за откривање, спречување и одговор на непријателски активности на странски разузнавачки мрежи, се наведува во заклучоците од средбата на шефовите на држави и влади на ЕУ.
Европскиот совет повикува на мерки насочени кон борба против нелегалните и кибер напади и ја истакнува потребата за заштита на демократските системи на ЕУ и борба против дезинформациите, вклучително и во пресрет на претстојните избори за европратеници, со целосно почитување на основните права.