Непознат сторител вчера извршил разбојништво во канцелерија на „Брза Пошта“ на булевар „Јане Сандански“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, разбојништвото било извршено околу 7 часот кога сторителот со закана со пиштол од вработената одзел 680.000 денари и побегнал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.