Делчевските училишта подготвени го дочекаа стартот на грејната сезона

Од:

Грејната сезона, која стартуваше пред два дена, подготвено ја дочекаа делчевските деветолетки Ванчо Прке и Св.Климент Охридски. Според информациите на Горан Велков, директор на општинското основно училиште Ванчо Прке, деветолетката во моментот има на располагање 12 тони нафта за централното училиште, како и околу 60 кубика дрвна маса за загревање во подрачните училишта.

– Имаме склучено договор по тендер за 30 тони нафта од кои во моментот располагаме со 12 тони за загревање на училишните простории во централното училиште. Во подрачните училишта загревањето е со огревно дрво кое по претходен тендер и договор со Шумско стопанство „Голак“ го имаме набавено во количини од 60 кубика, информира Велков.

Слична е состојбата и во деветолетката Св.Климент Охридски каде, според информациите на директорот Горан Димитровски, централното училиште во моментот ја има потребната количина нафта за грејната сезона.

Во подрачните училишта во деветолетката Св.Климент Охридски загревањето ќе се врши на огревно дрво. Досега, според Димитровски, се набавени околу 50 кубика огревно дрво, а дополнително согласно претходно направениот тендер и договор ќе бидат набавени уште 30 кубика огревно дрво.

И во двете училишта грејната сезона започна на време и без никакви проблеми се одвива затоплувањето на просториите во училиштата.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он