Уште една жртва на фемицид, Хелсиншки бара да се третира како посебно кривично дело

Од:

Поттикнати од последниот случај на фемицид што се случи во Мала Речица, Тетовско, во кој сопругот си ја застрелал сопругата со пиштол по што таа веднаш починала, имаме силна потреба да потенцираме дека во случајот се работи за родово базирано насилство кое резултира со убиство, односно фемицид извршен од интимен партнер.

Од 2008 до 2016 година, регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле само во периодот 2013-2016. Секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја четврта жена е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство. 78% од жртвите на физичко насилство се жени, додека 98% од сторители на семејно насилство се мажи.

Фемицидот во Македонија сè уште не е дел од законската рамка како посебно кривично дело и затоа се третира како обично убиство. Од овие причини МВР нема официјални податоци за бројот на фемициди во земјата, а посочените бројки се неофицијално регистрирани случаи (постојат индиции дека бројот на фемициди е далеку поголем). Потенцираме дека најчесто фемицидите се резултат на претходно продолжено насилство на кое жената била изложена и за таа цел апелираме ова да биде дополнително истражено од страна на јавното обвинителство.

Хелсиншкиот комитет се залага и застапува за донесување посебен Закон за родово базирано насилство, препознавање и предвидување на фемицидот како посебно кривично дело во Кривичниот законик и имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција, која има правно-обврзувачки карактер.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска