Канонада од бугарско-грчки амадмани за Резолуцијата за Република Македонија што во април оваа година треба да ја донесе Европскиот парламент, јавува допинсикот на МИА од Брисел.
Поднесени се вкупно 203 амадмани на предлог-Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.
Најголем број на предлог-измени во Резолуцијата дава либералот Станимир Илчев кој заедно со Андреј Ковачев (Европски народни партии) или посебно има поднесено 30 амандмани.
Зад него е пратеникот од бугарска атака, Димитар Стојанов со 25 амадмани, при што најголемиот дел од нив ригидни, навредливи и апсолутно одат контра добрососедството што Евроспката унија го бара од Македонија и Бугарија. Посочениот Ковачев има поднесено 24 амандмани (сам или заедно со Илчев), додека кај Грците, предничи Николаос Салавракос (партија Народен православен собир) со 15 предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. По него следуваат Марија Елени-Копа (Социјалдемократи) и Мариета Јанаку (ЕПП) со по осум амадмани.
Интересно, но и самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амадмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.
Канонадата од Бугаринот Стојанов започнува со амадман во кој се посочува дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земе предвид, според него,„насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“.
Тој исто така бара во Резолуциајта да влезе дека „опозициската СДСМ превзема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општинки советници во Скопје скандираа „Мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица.
Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на спомен-плочата на Мара Бунева, дека е нападнат бугарски амбасадор во Скопје, а и тоа оти годинава започнала „полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест”, наведува Стојанов.
Пратеникот од бугарска АТАКА вели и дека е влошена политичката ситуација во нашата земја и бара тоа да се земе предвид во однос на пристапувањето кон Европската унија. Во однос на ова прашање, Илчев од Либералите и Ковачев од ЕПП се малку поконструктивни, но и тие приговараат за „негативни консеквенци на лицата што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет” и бараат тоа да се земе предвид при одлучувањето на Самитот на ЕС во јуни оваа година.