Кржба во работилница за преработка на метални производи во Тетово

Од:

Околу 5.000 евра штета претрпел Ф.М. (43) од тетовското село Џепчиште откако засега непознати сторители провалиле во неговата работилница за преработка на метални производи „Аги-пром 5“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– Во работилницата било провалено во периодот помеѓу 28-ми минатиот и 4-ти овој месец при што засега непознатите сторители насилно ја отвориле влезната врата и влегле во работилницата и одзеле повеќе делови од машина за обработка на лим во вкупна тежина од околу 2.000 килограми и други росфрајтни елементи. Вредноста на одземеното, според сопственикот на фирмата Ф.М (43), кој вчера ја пријавил кражбата, се проценува на близу 5.000 евра, појасни Јосифовски.

Се превземаат активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со кражбата и за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница