Хело Кити во Вселената

Од:

Учениците од училиштето во Ентиок во Калифорнија ја испратија куклата Хело Кити во Вселената, во рамките на научниот проект за учениците од седмо одделение.

Лорен Рохас (13) објасни за локалниот печат дека Хело Кити „тргнала во авантура“ да го тестира притисокот на големите височини, како и температурата.

Куклата е прикачена на ракетата,  која беше прицврстена на метеоролошки балон.

– Проектот сам по себе беше замислен околу балонот, а Хело Кити појде во Вселената чисто од забава, објасни Лорен, која од шест години го сака славниот цртан лик на мачето.

Ракетата „достигна“ до 28 километри висина пред метеоролошкиот балон да експлодира, а Хело Кити слета 77 километри од местото на лансирањето.

Неодамна сличен проект направија и татко и син кои во Вселената лансираа играчка-вовче.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските