Руски фудбалери претепаа државен функционер

Од:

Руските фудбалери Александер Кокорин и Павел Мамаев во кафуле во Москва физички го нападнале Денис Пак, висок функционер во руското Министерство за индустрија и трговија.

Кокорин го удрил Пак со столица во глава, а снимката од инцидентот набргу се појави на социјалните мрежи и фудбалерите ќе бидат кривично гонети.

Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Алаев,  истакна дека законот е ист за сите и дека виновниците ќе добијат заслужена казна.

– Сигурен сум дека Министерството за внатрешни работи ќе спроведе детална истрага и ќе утврди соодветни казни за овој инцидент, наведе Алаев.

Причината за нападот се уште официјално не е соопштена, но според руските медиуми најверојатно е од расистички побуди бидејќи Пак има азиско потекло.

Ако Кокорин и Мамаев бидат прогласени за виновни може да добијат откази од нивните клубови Зенит и Краснодар, но и да бидат исфрлени од руската репрезентација, а во најлош случај можат да се соочат со затворска казна од пет години.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов