ДУИ ги поддржува уставните измени за интергација во ЕУ и НАТО и сметаме дека сите 120 пратеници ги поддржуваат интергативните процеси зашто за тоа добија мандат од граѓаните и ветија решавање на сопрот со името на последните избори, изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби.
– Сите 120 пратеници треба да ги подджрат уставните амандмани. Целиот западен демократски свет е со нас во оваа битка, а пратениците сметам се свесни дека со гласање „за“ уставните амандмани ќе придонесат за стабилност и економски проспетиет во државата, а најважно во насока на интеграција во ЕУ и НАТО, рече Груби.
ДУИ постојано комуницира со колегите од власта и опозицијата и очекува поддршка од сите за уставните измени, додаде Груби на денешната прес-конференција.