Заврши првиот фестивал на светлината, Skopje Light Art District, кој се одржуваше од 6-ти до 9-ти октомври во главниот град на Македонија.
Водени од мотото „Следи ја патеката…“, неколку илјади посетители во изминатите три дена уживаа во интерактивните светлосни поставки, пеформанси и инсталации на 23-цата странски и домашни светлосни уметници.
Отворањето на Фестивалот беше проследено со 3-димензионалното мапирање на Милчо Узунов и Златко Славенски, проектирано на фасадата на зградата „Ибни Пајко“, а заинтересираните, следејќи ја „патеката“, можеа до денеска да ги погледнат изложените дела.
Posted by Skopje Light Art District on Сабота, 06 октомври 2018
Posted by Skopje Light Art District on Сабота, 06 октомври 2018
Светлечките ГМО зелки, автомобилите што го имитираат ефектот на стаклена градина, добрите духови, рибегалците, силуетите и останатите поставки, со својата креативност и шареноликост, успеаја да им го задржат вниманието на скопјани, но и да додадат малку повеќе светлина и боја во нашето секојдневие.