Кавадарчанец украл „југо” и предмети од пет други возила, лишен е од слобода

Од:

Триесет и четиригодишниот кавадарчанец Б.О. украл „југо” и предмети од пет други возила, ноќта помеѓу 7 и 8 октомври, утрината бил пронајден и лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– На улицата „Методи Џунов – Џикот“ во Кавадарци, извршени биле кражби од две товарни и три патнички возила и украден бил патнички автомобил со кавадаречки регистарски ознаки.

По преземени мерки и активности од страна на униформираните полициски службеници од ПС ОН Кавадарци, во раните утрински часови бил пронајден сторителот со украдените предмети, појасни Додевски.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра