Лесија е името на девојката која му дозволила на своето момче, Руслан Туманиац, инаку тату мајстор, да и го истетовира на лицето неговото име.
Двајцата започнале комуникација преку интернет, за да по 24 часа откако се запознале во живо, Лесија му вети вечна љубов.
Договориле свадба а како доказ за љубовта, низ цело лице го носи неговото име.
Овој контраверзен тату мајстор е познат од 2009 година, кога на лицето на девојка која отишла да истетовира една ѕвездичка и истетовирал 54 ѕвезди. Девојката го тужеше и бараше од него да го плати отстранувањето на тетоважите.
Од друга страна, Лесија е воодушевена од тетоважата и ја смета за симбол на нивната голема љубов. Таа изјавила дека би сакала да го истетовира цело тело.