Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Ново Село

Од:

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава до Советот на општина Ново Село побара неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини.

СДСМ, матичната партија на градоначалникот Стојчев, побара од него да си поднесе оставка од функцијата прв човек на општината.

– Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ…Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Основното јавно обвинителство од Струмица вчера побара градоначалникот Боро Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година.

Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Основниот суд во Струмица, а оттаму информираат дека по него ќе одлучува кривичен совет.

Боро Стојчев на 10 јули годинава беше фатен во обид за шверц на цигари. За ова кривично дело Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација