Уште еден починат со изолиран вирус на грип А (H1N1)

Од:

На Клиниката за инфективни болести во Скопје, вчера почина пациент со повеќе тешки хронични заболувања кај кој беше изолиран вирусот на грип А (H1N1), а добил и воспаление на белите дробови и менингит (воспаление на мозок), соопшти Министерството за здравство.

Ова е втора жртва на вирусот на грип А (H1N1) од јануари досега. Станува збор за пациент од Скопје, роден 1961 година, кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 23 јануари во многу тешка општа состојба. На пациентот веднаш му била дадена адекватна антибиотска комбинирана терапија, но и покрај напорите на лекарите во текот на вчерашниот ден била констатирана смрт.

Во текот на минатата недела на Инфективната клиника, амбулантски биле прегледани 126 лица со симптоми на грип, при што дел од нив биле хоспитализирани со лесна и со средно-тешка симптоматологија. Во моментов нема хоспитализирано пациенти на Одделот за интензивно лекување. На Клиниката за детски болести, со полесни симптоми на грип, амбулантски биле прегледани девет деца, а три во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски