[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]
Колоната возила која се движеше низ улиците на Скопје и денеска застана пред владата на Република Македонија и граѓаните предводени од опозицијата со свиркање го изразија револтотр против, како што велат, најголемите виновници за диктатурата во земјата.
Јани Макрадули побара трпение и разбирање од граѓаните на Скопје за блокадите во сообраќајот зашто како што рече ова го прават за враќање на демократијата.
„Доколку сака Груевски да оди на нелегитимни локални избори тогаш треба да знае дека ќе ги сноси сите последици. СДСМ најмалку сака да се радикализира ситуација. Оваа недела се последните вакви протести и последен најдобронамерен обид да се дојде до решение“, рече Макрадули.
Според него, вчерашниот говор на Груевски бил најнизок и најдолен досега, исполнет со навреди, поради како што рече неговиот страв.
„Ако толку го сакаат и има толку проекти, ајде нека излезе и на парламентарни избори па и да видиме колку го сакаат граѓаните, рече Макрадули.
Според него, враќањето на мандатите е последниот чекор од демократските методи.