Се уредува резервоарот за вода во село Ѕвегор

Од:

Екипи на јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ работат на уредување на резервоарот за вода над селото Ѕвегор кој е од витално значење за неговите жители. Од претпријатието велат дека резервоарот се чисти првпат по две децении.

– Со дел од вработените во претпријатието го чистевме резервоарот во село Ѕвегор. Резервоарот беше во прилично лоша состојба, бидејќи врз него немаше никакви зафати повеќе од две децении. Во иднина кај овој резервоар се планира да се постави систем за хлорирање на водата.

Исто така, како дел од активностите на претпријатието ќе се реконструира главната шахта, а просторот околу резервоарот ќе биде уреден и ќе биде поставена заштитна мрежа, информираше Стојче Стојковски, директор на ЈПКД „Брегалница”.

Увид во работата изврши делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој додаде дека обезбедувањето чиста вода за пиење е приоритет за општината, не само за жителите на село Ѕвегор туку воопшто и сите жители на територијата на општина Делчево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи