Со 4.300 активни крводарители, Општина Виница, според бројот на жителите, минатата година го задржа епитетот најхумана општина во државата, а според бројот на собраните крвни единици првото место го дели со општините Велес и Центар.
Минатата година Општинскиот црвен крст на Виница собра 1.650 крвни единици и планот го натфрли со 280 проценти.
Според планот годинава се очекува да бидат одржани 16 крводарителски акции од кои четири вонредни во летните месеци јули и август, кога и потребата од крв е зголемена.
Меѓу Виничани 21 крводарител е со дарувани 100 пати крв, за кои ќе следуваат награди на 17 март годинава на денот на крводарителите во Македонија.