Еден Американец од Јужна Каролина два пати освои главна награда во игри на среќа во период од четири месеци.
Мажот кој не сакал да биде именуван, добил два пати по 200.000 долари на гребки.
Тој првата награда ја добил во септември кога ја купил грепката „Colour of Money“ на бензинската пумпа „Mr. Express“.
– Само влезе и рече дека само што добил 200.000 долари. Не скокаше од среќа.
– Јас сигурно би скокала горе-доле и врискала од среќа, рече касиерката од пумпата.
После четири месеци, среќниот добитник повторно купил грепка и изгребал џек пот, но овој пат на пумпа на оддалеченост околу еден километар од претходната.