Заврши изградбата на тротоарската површина на ул „Светзар Марковиќ“ во должина од 510 метри. Паралелно како што информираа од општина Делчево од денеска започна изградбата на тротоарите на ул „Питу Гули“ од двете страни на улицата во должина од 370 метри.
Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека со реализацијата оваа активност се завршува проектот „Општински рурални инвестиции“.
– Денеска завршуваме со доизградба на тротоарите на улиците „Светозар Марковќ во која се реконструирани три фреквентни улици во градот „Светозар Марковиќ“, „Питу Гули“ и ул. „Маршал Тито“. Со овој инфраструктурен проект се придонесе за решавање на долгогодишните проблеми кои ги следеа и пешаците и возачите поради лошата состојба на улиците, се осовремени урбаниот изглед на градот и се придонесе за побезбедено одвивање на сообраќајот, рече Трајковски.
Проектот се реализира преку ИПА-грант средства преку програмата која ја имплементира Министерството за финансии, администрирана од страна на Светска банка.
Целта на оваа програма е подобрување на инфраструктурата во руралните области, односно подобрување на квалитетот на живот и мобилноста во Општина Делчево. Вкупниот износ на проектот изнесува 291 илјади евра, од кои 195.000 евра е грантот на ЕУ, додека останатата сума е кофинансирање од националниот и буџетот на општина Делчево.