Повторно одложено судењето за „Маѓар Телеком“, не дојде обвинителот Незири

Од:

Поради службено отсуство на надлежниот обвинител oд скопското јавно обвинителство, Ермон Незири, судењето за предметот „Маѓар телеком“ повторно е одложено за 27 ноември, потврдија за „Макфакс“ од кривичниот суд во Скопје. Денеска во 11 часот беше закажано рочиште за предметот во фаза на доказна постапка.

Обвинетите ексдиректори во „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се обвинети за злоупотреба на службената положба и седум години се недостапни за органите на прогонот. Информацијата за „Макфакс“ ја потврди и адвокатот Ненад Јанакикевиќ.

За овој предмет првин постапувал судијата Седат Реџепагиќ, првото рочиште било закажано на 26.10.2011 година. Со текот на годините се менувале судиите. Судењата биле закажувани со по 2 до 3 рочишта во текот на годината со оглед на тоа што судот барал, со замолница преку Министерството за правда по дипломатски пат на обвинетите да им се достават обвинителен акт и покана за расправа, преведени на нивниот јазик, во матичната земја на адресите што се дел од списите на предметот.

Предметот го наследи судијката Ленка Давиткова. Во 2016 година таа закажала 9 рочишта од кои 5 биле одржани, а 4 биле одложени по барање на одбраната, отсуство на бранител или барање за увид во предметот. Во 2017 година биле закажани вкупно 7 рочишта, од кои 5 биле одржани, а две се одложиле по барање на странките, вклучувајќи го и последното од 20 април.

Предметот е во фаза на доказна постапка, односно сослушување на сведоци при што досега сослушани се сведоци предложени од обвинителството и еден сведок предложен од одбраната.

Во Македонија во моментов се водат две постапки за „Маѓар телеком“, кои, иако се почнати поодамна, намерно или не, никако да мрднат од мртва точка. Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, кои беа обвинети за водење тајни договори со македонски премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, се спогодија и платија парични казни од 250.000, односно 150.000 долари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ана Ололовска

Нови рочишта за Титаник, Т.Н.Т., Ласкарци и Маџар Телеком

Ана Ололовска

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Ана Ололовска