Аргентинските власти соопштија денеска дека директорот на Централната банка на таа држава Луис Капуто, поднел оставка, во момент кога се во тек преговорите со ММФ.
Централната банка денеска соопшти за ненадејната оставка на Луис Капуто со образложение дека тој заминува од функција поради лични причини. Оставката е поднесена во момент кога аргентинската Влада се залага за нов финансиски договор со ММФ.
Слабата економија на Аргентина е погодена од наглото паѓање на вредноста на валутата и високата инфлација што ја принуди Владата да се обрати до ММФ за помош.