Mercedes-Benz го најави C63 AMG Edition 507, а името го носи благодарение на 507-те коњи кои се кријат под хаубата.
Како што сугерира самото име на специјалната серија Mercedes C 63 AMG Edition 507, максималната моќност на возилото е 507 коњски сили, што е за 50 „коњи“ повеќе во споредба со стандардната суперспортската доработка.
Mercedes C 63 AMG Edition 507, кој ќе се нуди во три верзии на каросерија, а вака „спакувано“ е во состојба да се забрза од 0 до 100km/h за 4.2 секунди, кај Saloon и Coupе и 4.3 секунди кај караван изведбата. Максималната брзина на движење е електронски ограничена на 280 km/h.
Покрај импресивните перформани, купувачите ќе добијат и ваучер за учество на програма за тренирање возачи на AMG Driving Academy.