Спомен соба во чест на Никола Бадев подготвува родното Кавадарци

Од:

Спомен соба посветена на легендата на македонската народна песна, кавадарчанецот Никола Бадев, наскоро ќе биде отворена во рамките на новиот музеј во Кавадарци.

Директорката на Музеј галеријата, Весна Ѓорѓиева информира за МИА дека работите се во финална фаза. Проектот го спроведуваат во соработка со градоначалникот и Советот на општината, а во него активно се вклучени и ќерките на Бадев, Роска и Сузана.

– Кавадарци е вистински расадник на квалитетни луѓе од секоја област, па и во музиката и уметноста. Во знак на благодарност за прекрасните песни кои ни ги подари, испеани со неговиот „кадифен” глас, ја подготвуваме спомен собата, вели Ѓорѓиева.

Посетителите ќе можат да ги видат бистата и статуата на доајенот на македонската народна песна, фотографии и плакати од негови концерти во земјава и странство, сингл плочи и видео материјали, благодарници. Во спомен собата, меѓу другото, ќе бидат презентирани и негови лични предмети. Грамофонот, фотоапаратот и камерите, музичките инструменти, часовникот, вратоврска, манжетните од кошулата и бројаницата.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична