Турција не верува во дијалог меѓу Дамаск и сириската опозиција

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска на 49-та Конференција за безбедност во Минхен дека дијалог меѓу режимот во Дамаск и сириската опозиција не може да доведе до решение на сирискиот конфликт.

– Некои велат дека треба да има дијалог меѓу режимот и опозицијата, но тоа е погрешен пат. Тоа не може да биде решение, рече Давутоглу.

– Ако утре има избори при претседателството на Башар Асад, кој може да гарантира дека лидерите на опозицијата можат да учествуваат, запраша турскиот министер, според кого, Асад треба да ја преземе својата одговорност за масовните убиства во Сирија.

Давутоглу побара исто така Советот за безбедност на ОН да се ангажира повеќе за обезбедување пристап до хуманитарната помош во Сирија.

Турција прифати 175.000 сириски бегалци на своја територија и во јануари испрати 40.000 тони хуманитарна помош за сириското население, рече тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски