Европратеникот Флекенштајн во посета на Македонија

Од:

Дебата на тема „European Values for Macedonian Future“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата „Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје во рамки на официјалната посета на пратеникот во Европскиот парламент Кнут Флекејнштајн.

На дебатата студентите и претставниците на младинските организации во Македонија, ќе имаат можност да ги споделат своите идеи и ставови за влијанието на евроинтеграциските процеси на земјата и почитувањето на европските вредности и да добијат одговор на прашањата

На кој начин членството во ЕУ ќе придонесе за унапредување на животниот стандард на младите луѓе во Македонија во поглед на образование, вработување, култура, инклузивност и учество во демократските процеси на национално и локално ниво? Колку прифаќањето на европските вредности ќе влијае во градење на интер-културно општество без предрасуди и стереотипи во кое се почитуваат различности?

Како што најавува организаторот на дебата ќе се обрати и министерот за образование Арбер Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија