Европската унија мора да стане подемократска и потранспарентна, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц по повод прогласувањето на 2013-та за „Европска година на граѓаните“, чија цел е да се зголеми интересот на жителите на европските земји за ЕУ.
Во изјава за радио „Дојче Веле“, Шулц нагласи дека оваа кампања е особено насочена кон евроскептичните жители на ЕУ.
– Претставува вистински предзивил на еден евроскептичен Британец да му се објасни важноста на Унијата. Сметам дека тоа е преголем залак за Велика Британија, но и за другите земји од ЕУ. Таа задача може да ја изврши само Брисел, ако настапи како јака политичка сила во името на своите земји-членки, смета Шулц.
Првиот човек на Европарламентот нагласи дека ниту една земја не може да опстане сама и изолирана, нешто што важи и за Велика Британија.
– Британскиот премиер Дејвид Камерон е во право за една работа. ЕУ мора да стане по демократска, што значи дека секоја одлука што ќе се донесе неопходно е да ја поддржи Парламентот. Тоа ќе значи зајакнување на Европскиот парламнет. Но, токму на тоа се противи британскиот премиер Дејвид Камерон. Тој го насочува прстот кон проблемот што самиот го предизвикува, потенцира Шулц.