Една кинеска стјуардеса остана без работа, неколку месеци откако на интернет се појави снимка од запросувањето од нејзиното момче за време на лет.
Според локалните медиуми, околу 30 минути по полетувањето, во мај годинава момчето клекнало и го поставило судбоносното прашање. Таа рекла – да, била пресреќна, патниците ракоплескале, а снимката стана хит на социјалните мрежи.
Сите биле пресреќни, освен нејзината компанија. Непријатната „честитка“ следела веднаш по појавата на видеото пред неколку дена.