Турската илегална левичарска милитантна група Револуционерна партија-фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц) денеска презеде одговорност за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз Американската амбасада во Анкара, при што загинаа две лица.
– Нашиот борец Алисан Санли на 1 февруари 2013 година се жртвуваше влегувајќи во Амбасадата на САД, кои убиваат луѓе ширум светот, се нведува во соопштението објавено на интернет сајтот на ДХКП-Ц.
Претходно, и турските власти инфромираа дека напаѓачот бил припадник на ДХКП-Ц, но не го соопштија неговото име.
Турските медиуми, меѓутоа објавија дека напаѓачот е идентификуван како Еџевит Шанли, кој престојувал во затвор од 1997 до 20023 година, поради напади врз полициска станица во Истанбул и врз воениот комплекс Харбија. Тој бил ослободен од затвор условно.