Објавеното видео е монтирано и не е со закани кои се однесуваат на референдумот, тврди градоначалникот на Демир Хисар

Од:

Во врска со аферата со прислушувањето и заканите, со писмо испратено до медиумите се огласи, Марјанче Стојановски, градоначалникот на Демир Хисар.

Тој вели дека видеото кое се појави на повеќе интернет портали, како и телевизиски и радио канали е монтирано и тврди дека истото нема никаква врска со упатување на закани кон граѓаните на Демир Хисар за претстојниот референдум.

„Периодот кој е снимено видеото е на 22 јануари годинава – првиот училишен ден од почетокот на второто полугодие во ООУ ‘Гоце Делчев’ во Демир Хисар и нема апсолутно никаква врска со упатување на закани кон граѓаните за претстојниот референдум“, се наведува во писмото на Стојановски.

Градоначалникот на Демир Хисар вели дека во просториите на училиштето „Гоце Делчев” присуствувал по претходно барање на група од триесетина родители кои одржувале средба поради протест на две незадоволни наставнички од прераспоредувањето на работното место.

„Претходно, дел од родителите ми се јавуваа и ме известуваа за тој протест и незадоволство на двете наставнички, како оделе од куќа на куќа и ги убедувале останатите кои имаа можност за лобирањето при носењето на одлуката за нивното прераспоредување. Притоа, во овој контекст, сакам да Ве информирам дека изречените зборови од моја страна во тоа монтирано видео се однесуваат токму на тие разговори, односно комуникации и контакти кои ги имав со родителите, а не некакво прислушкување, закани, уцени и слично. Исто така, Ве информирам дека за таа средба и протест известено беше Министерството за образование и наука“, објаснува Стојановски.

Според него, станува збор за монтирано видео бидејќи, како што вели, не е во целост дистрибуирано и прикажано, а зборовите се извадени од контекст, со што се добива целосно погрешна претстава за она што го зборува и во писмото бара од сите пишани, електронски, аудио и видео медиуми да објават демант.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски