Апостолска: Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи

Од:

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска оствари работна посета на Општина Охрид, каде имаше средба со градоначалникот Јован Стојаноски и ги посети компаниите „Митротек“ од Охрид и „Линди“ од Кичево, со кои во име на Владата на Република Македонија има потпишано Договори за финансиска поддршка по прв и втор столб од Планот за економски раст, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

На средбата, како што соопштуваат од нејзиниот Кабинет, со градоначалникот Стојаноски, министерката Апостолска беше информирана за економските развојни планови на општината, за капацитетите за гринфилд и браунфилд инвестици, за неколку развојни проекти кои би можеле да се реализираат со помош на Владата на Република Македонија. Од страна на министерката и градоначалникот заеднички беше оценето дека членството во НАТО и ЕУ гарантира раст на македонската економија и отвора перспективи за поголема конкурентност на локалните претпријатија преку зголемени вложувања во нови проекти, во градење на деловни релации со успешни странски компании.

– Триеста дваесет и седумте милиони евра странски директни инвестиции во првото полугодие од годинава и растот на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал значи дека македонската економија расте и се стабилизира на долг рок, што за компаниите значи стимулативни услови за пораст на интересот за реализација на нови инвестиции, истакна министерката Апостолска на средбата со градоначалникот Стојаноски.

Таа ја посети компанијата „Митротек“ од Охрид, при што на средбата со менаџментот истакна дека преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите државата првпат определува стимулативни буџетски средства за домашните компании, со што се изедначува нивниот третман со странските. При посетата на компанијата министерката Апостолска беше запозната со процесот на производство на метални и пластични производи, кои се користат како суровински материјал во повеќе индустрии, како и со плановите за реализација на нови инвестиции и освојување нови пазари во Европа.

При посетата на компанијата „Линди“ во Кичево, од страна на министерката Апостолска беше истакнато дека целта на владините економски политки не е само поттикнување на епизодни, еднокранти, инвестиции од страна на компаниите, туку стимулирање на реализација на долгорочни, односно повеќегодишни развојни инвестициски проекти. Проширувањето на бизнисот со прехрамбени производи преку инвестирање во нови производствени линии и усвојување нови современи технологии беше истакнато како приоритет од страна на менаџментот на компанијата, за што очекуваат и понатамошна директна поддршка од владините политики за стимулирање на инвестициите.

– Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи, Македонија ќе влезе во најголемата светска економија која учествува со 23,8 отсто од светскиот БДП. Ова е една од најголемите развојни перспективи кои се отвораат за домашните компании, рече министерката Апостолска при посетата на компаниите „Митротек“ и „Линди“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница