Напаѓачот-самоубиец, кој се разнесе на влезот на американската амбасада во Анкара вчера, носел шест килограми тротил и рачна граната.
Овие информации беа изнесени денеска од турските власти по завршување на техничката експертиза на местото на експлозијата.
– Во експлозијата загинаа соработник на службата за безбедност и цивилно лице, кое дошло во амбасадата по работа. Извршителот на нападот бил член на терористичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување ДХКП-С, се наведува во соопштението.
Турските власти засега не го соопштуваат името на напаѓачот, иако претходно се споменуваше името на Еџевит Шанли.