Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија упати братството на манастирот „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски манастир.
– Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, стои во честитката.