„ДОМ им го честита Денот на независноста, 8 Септември, на сите граѓани на Република Македонија. Тој е светол празник и на сите Македонци во светот, зашто во колективната меморија живее вековната борба за своеименска држава, каде Македонецот ќе биде свој на своето! Ова е ден за паметење и гордост, ден за оддавање почит на сите знајни и незнајни борци за македонска држава!
Нека е честит 8 Септември, Ден на независноста, кога на референдум граѓаните на Република Македонија правно ставија точка на вековниот непокор“ се вели во честитката на ДОМ.