Во рамките на новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нациите синоќа се одржаа повеќе средби.
Италија во Лигата А на натпреварот во Болоња ремизираше со 1:1 против Полска, додека Русија во Лига Б на гостувањето во Трабзон ја совлада Турција со 1:2.
Албанија во Група 1 од Лига Ц на домашен терен го совлада Израел со 1:0.
Србија во Група 4 од Лига Ц во Вилнус ја совлада Литванија со 0:1, додека во истата група Романија и Црна Гора ремизираа без голови.
Азербејџан во Група 3 од Лига Д ремизираше без голови со Косово, а репрезентацијата на Фраски Острови ја совлада Малта со 3:1.
Македонија настапува во Групата 4 од Лига Д и досега оствари гостинска победа против Гибралтар од 0:2.