Силен земјотрес крај Соломонските острови

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран крај Соломонските острови во Тихиот Океан, соопшти американскиот Геофизички институт.

Потресот бил на длабочина од десет километри. Епицентарот е на 68 километри југозападно од градот Лата.

Засега нема информации за жртви и материјални штети.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами засега не издаде тревога.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес во Тајван

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Силен земјотрес во централна Албанија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски