Општина Делчево и граѓанскиот сектор изготвуваат заедничка стратегија за соработка

Од:

Во Делчево се одржува четврта работилница за изработка на стратегија за соработка со граѓанскиот сектор. Проектот се спроведува во изминатите шест месеци, а цел на денешната работилница, како што истакна Тони Стоименовски од единицата на локалната самоупарава во Делчево е изработка на заеднички документ кој преку јавна објава ќе биде презентиран пред пошироката јавност.

– Цел на денешниот настан, покрај презентација на документот, e граѓанскиот сектор и претставници од локалната самоуправа да дадат свој придонес во изработката на финаланата верзија на истиот. По завршувањето на денешната работилница, документот ќе биде обајвен јавно каде што граѓанскиот сектор, претставниците од локалната самоуправа и сите други заинтересирани страни ќе имаат можност да дадат свој коментар, со што потоа сите коментари ќе бидат вградени во финалната верзија на стратегијата за соработка, рече Стоименовски.

Како што информираше Стоименовски, заради донесување на политичка одлука, до крај на овој месец завршниот документ ќе биде доставен до Советот на општина Делчево.

– Се надеваме дека со изработката на овој документ голема корист ќе има општина Делчево и граѓанскиот сектор, при што во следните четири години сите активности кои се спроведени во канцеларија ќе може да бидат преточени на терен, додава Стоименовски.

Изработката на стратегијата за соработка помеѓу општина Делчево и невладиниот сектор е финансирана од Европската Унија, а кофинансирана од организацијата „Преда плус“.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он