Се реконструира пречистителната станица во Свети Николе

Од:

Свети Николе, заедно со Велес, Прилеп и партнерите од грчка страна, реализира проект вреден 1.300.000 евра за реконструкција на пречистителната станица за отпадни води.

Проектот е финансиски поддржан од ЕУ, преку Програмата за прекугранична соработка.

– Општина Свети Николе максимално ги користи сопствените ресурси за да го поттикне развојот на општината и да создаде поголеми перспективи за младите луѓе, истакнал градоначалникот Сашо Велковски на работниот состанок со заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

На состанокот, како што соопшти ресорното Министерство, е истакнато дека во моментот Свети Николе реализира два проекта од Програмата за рамномерен регионален развој, финансирана од Буџетот на Министерството. Едниот проект е наменет за подобрување на патната инфраструктура преку реконструкција на локалниот пат село Ерџелија – клучка кај село Пеширово со регионалниот пат во вредност од 5,5 милиони денари, а вториот, за развој на селата, предвидува со 342.000 денари да се реконструира електричната инсталација во ООУ Даме Груев во Ерџелија.

Заменик министерот Павлески истакнал дека во Буџетот за 2018 година средствата за рамномерен регионален развој се двојно зголемени со тенденција секоја следна година да се зголемуваат.

Павлески ја нагласил и можноста за реализација на проекти финансирани со средства од ИПА. – Со покривање на трошоците за кофинансирање во висина од 15 проценти, Владата им дава шанса на сите заинтересирани субјекти да аплицираат и да ги реализираат своите проекти. Ова е можност општината да реализира некои од своите приоритети без да го оптовари својот буџет и можност младите луѓе организирани во граѓанскиот сектор да и помогнат на општината, но и сами да се реализираат, посочил Павлески.

Би можело да ве интересира

Невремето направи штети во светиниколско

Катерина Ѓуровски

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци