Лидерот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов, го осуди прогласувањето на Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на Тетово.
Видете ја целата иронија која ни се случува 12 години по 2001 година. Денеска, ние Македонците ги молиме екстремните Албанци да го почитуваат Бадентеровото правило во Република Македонија, во државата на Македонците. Ваков апсурд да ми кажувал некој пред 10 години дека ќе ни се случи немаше да верувам. За жал, тоа е суровата реалност. Денес ние сме принудени да се молиме и убедуваме со Албанците кои што се малцинство во нашата држава за некои обични работи кои ни припаѓаат на нас Македонците – рече Ангелов на денешната прес-конференција.