Украдено „БМВ“ кај Скопско кале

Од:

Непознат сторител вчера попладне украл патничко моторно возило „БМВ 530“ од улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 976.000 денари.

Како што информира МВР, возилото било со шведски национални ознаки, а во него имало лап – топ и куфер со облека.

Настанот вечерта го пријавил Л.Ч. (34) според кој, кражбата се случила во периодот меѓу 14 и 19 часот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма