Бошњаковски: Постапката, процедурите и документацијата за бројчаникот се комплетни

Од:

Запазени се процедурите и постапките при поставувањето на бројчаникот на Триумфалната порта којшто е донација од премиерот Зоран Заев, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната редовна прес-конференција во Владата, портпаролот Бошњаковски рече дека Заев како граѓанин на Република Македонија упатил барање за согласност за поставување на електронски екран и оти истиот е набавен лично од него.

– Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, одобрувањето и поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија, од судските процеси кои се во тек, појасни Бошњаковски.

Информацијата колку чини бројчаникот, како што рече Бошњаковски, дополнително ќе им биде доставена на медиумите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски