Конечна дефиниција: Што е всушност љубовта?

Од:

Љубов е збор, кој минатата година најчесто е впишуван во најпознатиот светски пребарувач Гугл. Авторите на подрачјата на науката, психотерапијата, книжевноста, религијата и филозофијата ги откриваат своите дефиниции за љубовта.

Физичарот Џим Ал Калили: Љубовта е хемија

Биолошки гледано, љубовта е моќна невролошка состојба како гладта или жедта, само е потрајна. Ние зборуваме за слепа и безусловна љубов врз која немаме контрола. Тоа и не изненадува, бидејќи љубовта е всушност хемија. И додека помамата е сексуална желба со рок на траење, вистинската љубов со себе повлекува серија хемиски реакции во мозокот – фермони, допамин, серотонин, окситоцин…Меѓутоа од перспектива на еволуцијата, љубовта може да се разгледува како алатка за опстанок на човечкиот вид, која ни помага да одржуваме долгорочни односи и да раѓаме и одгледуваме деца.

Психоперапевтката Филипа Пери: Љуботва доаѓа во многу форми

За разлика од нас, луѓето во старите времиња немале само еден назив за неколку емоции. Ние денес се нарекуваме љубов, а претходно секоја емоција имала свое име. На пример ерос кога станува збор за сексуалната љубов или агапе кога станува збор за најчистата форма на љубов. Ние сето тоа денес го нарекуваме љубов. Сето тоа донекаде е љубов, но невозможно е да очекувате дека сите можни форми на љубов може да ви се исполнат со една личност. Затоа и имаме семејство – емотивно меѓусебно да се надополнуваме.

Филозофот Џулијан Багини: Љубовта е страсна посветеност

Од една страна невозможно е да се даде одговор на прашањето што е љубов, бидејќи љубовта не е една работа. Љубов за родителите, партнерите, децата, земјата, соседите, Господ…Сите тие љубови имаат различни квалитети, а секоја има и свои варијанти – слепа, еднострана, трагична, упорна, превртлива, возвратена, заведена, безусловна. Меѓутоа во најдоброто издание љубовта е наша одлука, односно наша страсна посветеност на некој однос кој го негуваме и развиваме. Затоа љубовта е многу повеќе од чувство. Љубовта е страсна посветеност.

Писателката Јојо Мојсес: Љубовта е двигател на се

Што е љубов, зависи од тоа каков е вашиот статус. Доколку сте сигурни во љубовта, тогаш таа ви е потребна како воздухот. Доколку во моментот ја немате, таа е опсесија која се граничи со болка. Љубовта е двигател на сите големи приказни – не само на романтичните, туку и на сите други. Најмногу фасцинира онаа точка пред конзумацијата на љубовта, онаа точка во која се е истовремено и извесно и неизвесно.

Чесната сестра бенедиктинката Кетрин Виборн: Љубовта е слободна, но обврзувачка

Љубовта е многу полесно искуствено да се доживее, отколу да се дефинира. Како теолошка доблест која доаѓа од самиот Бог, љубовта ги поврзува сите луѓе од соседите и пријателите, до најблиските члемнови на семејството, па и нас со самите себе. Љубовта се крие во постапките на љубезност, велокодушнот, добрина и жртвување себе си за другите. Љубовта е единствената работа која никого не може да повреди, иако може многу да чини. Парадоксот на љубовта е тоа што таа е истовремено е слободна, но не обврзува повеќе од што било друго во животото. Љубовта е најголем благослов.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска