Конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“

Од:

Социо-економските и политичките промени во државата по промената на власта, ЕУ и НАТО интеграцијата и улогата на меѓународните партнери и нивниот придонес кон понатамошниот развој на Македонија и Југоисточна Европа. Овие теми ќе бидат разгледувани на денешната меѓународната конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.

На конференцијата ќе учествуваат премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска. Најавено е учество и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски, претседателот на Прогрес-Институтот за социјална демократија Сашо Додовски, претставници на политички фондации…

Организатори на конференцијата се Прогрес-Институтот за социјална демократија во соработка со Фондацијата за европски прогресивни студии, Меѓународниот центар „Олоф Палме“, Вестминстер Фондацијата при Лабуристичката партија од Велика Британија, Фондацијата „Фридрих Еберт“) – Канцеларија Скопје и Европскиот форум за демократија и солидарност.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната