Целодневен престој во детската градинка во Делчево

Од:

Со поддршка од Советот на општина Делчево во градинката „Весели Цветови“ во Делчево со почетокот на новата учебна година ќе започне да функционира и групата за целодневен престој.

Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, групата ќе биде формирана откако дечињата ќе тргнат на училиште, а кадарот за успешно нејзино функционирање веќе е обезбеден.

– Од оваа воспитно образовна програма со одлука на Совет ОЈУДГ „Весели Цветови“ ќе опслужува со храна деца со целодневен престој. За таа цел ќе се формира група со наш кадар од установата. Се надевам дека родителите ќе ја одберат оваа можност бидејќи нема посигурно и побезбедно место на подготвување храна како што е во нашата установа, рече Симовска.

Како што информираше Симовска, во моментот во градинката течат поготовките за прием на сите дечиња кои од септември ја започнуваат новата воспитно-образовна година.

-Ние како установа ги завршивме подговотките во однос на образовниот процес. Пред почетокот на првиот училишен ден градинката ги има набавено сите дидактички материјали и нагледни средства, а некои и допрва ќе стигнат со цел да се подновиме. Бидејки дечињата учат низ игра, ние се трудиме максимално да им обезбедиме се во однос на успешен почеток на новата образовна година, информира Симовска.

Над 300 дечиња ќе ја започнат новата воспитно-образовна година во градинката во Делчево од кои 69 дечиња за прв пат ќе посетат градинка во Делчево.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание