Најмалку две лица загина, а неколкумина други се повредени при силна експлозија што се случи денеска пред Американската амбасада во Анкара, јави турската агенцијата Анадолија.
Експлозијата се случила крај страничниот влез на заградата на американското дипломатско претсавништво.
Полицијата претпоставува дека најверојатно станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
На местото на експлозијата се испратени повеќе полициски и амбулантни возила.